Коронавирусот го одложи протестот за чист воздух, на цел Балкан

Протестот „Балканот бара чист воздух“, кој требаше да се одржи денеска (28 февруари) во повеќе главни градови на Балканот, е откажан поради појавата на коронавирусот.

Протестите беа закажани во девет градови. Во Бања Лука и Зеница најавено е дека сепак ќе има протест, додека во Белград, Приштина, Призрен и Подгорица активистите место протест ќе излезат со свој перформанс. Во Подујево, пак, ќе се организира потпишување петиција за чист воздух.

Од скопскиот огранок на Fridays For Future, кои се дел од организацијата на протестот, објаснуваат дека основниот принцип на нивното движење е грижата за здравјето и безбедноста на граѓаните, велејќи дека собирот не сакаат да претставува закана за нив.

„Во таа насока, сакаме да потсетиме и дека кога епидемијата ќе биде ставена под контрола, климатската криза и загадувањето ќе останат најголемите егзистенцијални проблеми на оваа и сите други држави. Време е ова внимание и ажурност да ги насочиме и на најголемиот непријател, не само на најнепосредниот“, се вели во соопштението на Fridays For Future.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот