Корона вирусот стигна во Европа, забележани два случаи во Франција

Фото: Профимедиа

Првиот случај е регистриран во Бордо, а вториот во Париз, потврди француската министерка за здравство.

Новиот корона вирус стигна во Европа, а Франција повтврди дека регистрирала два случаи на заболени.

Првиот случај е регистриран во Бордо, а вториот во Париз, потврди француската министерка за здравство.

Оваа информација стигна откако е потврден вториот случај на заболен во САД, а станува збор за жена на шеесетина година, која се лечи во болницата во Чикаго и чиј напредок тече во предвидените рамки, пишува „Скај њуз“.

Пациентот патувал во кинескиот град Вухан – епицентарот на епидемијата – во декември и отпатувал дома во сојузната американска држава Илиноис на 13 јануари. Пред полетувањето не покажувала никакви симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот