Коридорот 10-Д отвори можности за развој на стопанството, вели Ковачевски

Коридор 8
Модернизација на Коридор / 10.02.2021 / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза. Делницата на Плетвар, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над 4 милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Република Грција, кај граничниот премин Меџитлија. Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во целиот Пелагониски регион, изјави премиерот Димитар Ковачевски кој денеска со министерот за транспорт и врски Благој Боџварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беше на увид на завршните работи на рехабилитацијата на делницата на превојот Плетвар.

Активно се градат автопати во должина од 59 километри и се подготвува изградба на автопати во должина од преку 130 километри (за Коридор 10-Д и Коридор 8) и Скопје Блаце, фаза 2. Во овој момент активно тече изградбата на: автопатот Кичево – Охрид, во должина од 57 километри и во вредност од 598 милиони евра, со прогрес на реализација од преку 72 процента. Се гради автопатот Скопје – Блаце во прва фаза, инаку во вкупна должина од 12 километри. Во рамките на Коридор 10-Д и Коридор 8 течат активности за: изградба на автопатот Гостивар – Кичево; на автопатот Тетово – Гостивар; на автопатот Требениште – Струга – Ќафасан; на автопатот Прилеп – Битола.

– Изградени се експресни патишта во должина над 55 километри, со инвестиција од 84 милиони евра. А се градат експресни патишта во должина над 63 километри со инвестиција од 139 милиони евра. Mора и за сите да е јасно дека поврзувањето, дома и кон регионот, ги отвора патиштата за поврзување со Европа и со светот, како инфраструктурно, така и за развојот на економијата, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот