Конте се согласил да седне на клупата на Тотенхем

EPA/ANDY RAIN

Италијанецот од наредната сезона повторно ќе работи во Премиер лигата.

Тренерот кој на Интер му ја донесе шампионската титула по пауза од 11 години, Антонио Конте ги договори личните услови со Тотенхем и се очекува во најскоро време да биде промовиран  во нов менаџер на премиерлигашот.

Поголем број од англиските медиуми пренесоа дека Конте во Тотенхем ќе има годишна од плата од дури 15 милиони евра со можност на име на бонуси да инкасира дополнителни два и пол милиони.
До конечен договор останаа да се решат деталите поврзани со буџетот за засилувања, а Конте исто така бара гаранции дека најдобрите фудбалери на екипата нема да бидат продадени.
Доколку добие гаранции за тоа што го бара, се очекува Конте веќе наредната недела да биде претставен како нов тренер на Тотенхем, што би значело враќање во Премиер лигата по пауза од три години.
Конте од 2016 до 2018 година го тренираше Челси и во првата сезона со „сините“ ја освои шампионската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот