Консултантска фирма во кампањата на Бајден како веројатна мета на руски хакери

Фото: dreamstime.com

„Мајкрософт” неодамна предупреди консултантска фирма што учествува во предизборната кампања на Џо Бајден, кандидат на Демократската партија на САД на претстојните претседателски избори, дека наводно била мета на руски хакери кои работеле со поддршка на владата во Москва.

Хакерските напади врз компјутерските мрежи на вашингтонската компанија „СКДК”, кои наводно се случиле во текот на изминатите два месеца, биле неуспешни поради добрата заштита, но засега нема коментар од засегнатите страни.

Реагирајќи на наводите за напади на руски „државни хакери” кон компанијата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги опиша обвинувањата како бесмислени, а Русија и претходно негираше обвинувања дека на тој начин била вклучена во одржување избори во други земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот