Коњановски: Пожарникарите се борат со огнот, многу е важно тој да не се прошири

Фото: ТВ Телма/принтскрин

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва се појави во индустрискиот дел од градот, каде попладнево избувна голем пожар во објектот на „Жито Битола“.

„Околу 17:20 часот има пријава за пожар кој избувнал на кровната констукција. Сите возила на противпожарната единица се на терен, со 22 пожарникари. Побарана е помош и од РЕК Битола, противпожарно возило од нивната бригада е на пат. Контактирано е со директорот на ЦУК Ангелов, и со министерот Спасовски. Тоа е стар објект, во моментов пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Колку што сме информирани, во објектот имало две лица, кои го напуштиле“, изјави Коњановски.

Според градоначалникот, се работи на тоа пожарот да се локализира и да не се прошири на околните објекти. Тој додава дека сѐ уште нема информации за тоа каде и како избувнал пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот