КОНЕЧНО: Се реновира покривот на „Коменски“

Во ООУ „Јан Амос Коменски” во Карпош денеска почна санацијата на покривната конструкција. Се изведуваат работи кои опфаќаат освен реконструкцијата на самата кровна површина и поставување на пластифицирани хоризонтални олуци во должина од 400 метри.

Иако училишната зграда е нова покривот во ова училиште подолго време претставуваше сериозен проблем, бидејќи капеше во речиси сите училници на вториот кат. За проблемот редовно се апалрмираше, но поранешното раководтсво на општината и на училиштето не најдоа начин како да го решат. Со години кога врне во сите училници и простории на вториот кат се поставуваат кофи за да ја собираат водата што капе од таванот.

Со санација на покривот во основното училиште „Јан Амос Коменски”, во Тафталиџе 1, започнаа летните реконструкции по основните училишта во Карпош.

Дополнително, во претстојниот период ќе се направи санација и на кровниот покривач во училиштето, со цел да се обезбедат подобри услови за следење на наставата.

„Летово ќе се обноват и тоалетите во училиштето „Аврам Писевски”, во Бардовци, а „Вера Циривири Трена” ќе добие нова сензорна соба за учениците со посебни потреби“, соопшти Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот