Комичарката Ејми Шумер откри: Организаторите на Оскарите ми забранија некои шеги

ејми шумер
Моменти од Оскарите / Фото: EPA-EFE

Легендарната комичарка Ејми Шумер имаше монолог на сцената на годинашните Оскари, непосредно пред Вил Смит да му удри шамар на Крис Рок за шегата за неговата сопруга Џејда.

Но, ако мислевте дека шегата на Рок беше непријатна и навредлива, веројатно ќе се изненадите кога ќе ја слушнете шегата што Шумер сакала да ја каже на сцената, но организаторите на Оскарите ѝ забраниле.

„Не знам ни што да кажам за доделувањето на Оскарите“, рекла таа, како што пренесува „Vanity Fair“. „Навистина не знам што да кажам. Организаторите ставија вето и на неколку мои шеги“.

„Една од нив требаше да биде, „Не гледај нагоре“ е наслов на филм? Би било подобро „не гледај во пиштолот на Алек Болдвин“, откри таа.

Ејми исто така додаде дека ѝ било забрането да кажува шеги за Џо Роган и обвинувањата за сексуално злоставување против Џејмс Франко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @amyschumer

Набргу по церемонијата, Шумер се огласи на својот инстаграм-профил за да го пофали Крис Рок за неговата реакција по шамарот од Вил.

„Сè уште сум истрауматизирана“, напиша таа во објавата што за кратко ја избриша. „Го сакам мојот пријател Крис и мислам дека тој го поднесе тоа како професионалец“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот