Колку долго можат да живеат мачките и на која возраст стареат?

Фото: Pexels / Tan Danh

Годините се само бројка во светот на мачките, бидејќи некои мачки стареат порано, додека други стареат многу подоцна. Но, не можеме да го запреме стареењето и добро е да знаеме какви промени ќе се случат со нашите домашни миленици.

Секој период од животот на мачката носи свои предизвици. Секако, секоја мачка е различна и секоја мачка различно старее, но некои промени се заеднички за нив.

Просечната возраст на мачките денес е околу 16 години, но многу од нив живеат до околу 20 години или повеќе. Се вели дека мачката станува сениор на возраст од 11 до 14 години и во тој период дефинитивно ќе ги забележите првите знаци на стареење.

Може да забележите дека вашето маче повеќе не реагира како кога било мало. Сосема е можно да ве игнорира намерно, но исто така е можно едноставно да не може да ве слушне или да ве види многу добро.

Тоа се болести поврзани со возраста, познати и кај човекот. Дури и кај мачките, тие се појавуваат постепено и повеќето мачки полека се прилагодуваат на овие промени и учат да живеат со нив.

Може да забележите и промени во апетитот. Некои мачки стануваат попребирливи со возраста и имаат послаб апетит. За да ги стимулирате, пробајте различни намирници и видете што најмногу ги прави среќни.

Не грижете се ако вашата мачка спие повеќе во овој период отколку порано, тоа е исто така сосема нормално. Но, проблемите со спиењето, кои се потикнати од некои болести поврзани со возраста, се исто така многу чести.

На пример, многу мачки на возраст над десет години имаат остеоартритис, што им предизвикува болка и затоа постарите мачки честопати се несмасни и имаат нарушен сон.

Како што стареат, тие сè  помалку се негувани, па на вашите постари мачки им треба дополнитлено четкање и средување на ноктите, бидејќи едноставно самите повеќе не се грижат за такви работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот