Коктели од бармените во „Спикизи“: Да наздравиме за 2024!

Фото: „Спикизи“

Време е да наздравиме за сѐ она што сме го доживеале во годината која ја испраќаме и за сите оние желби кои си ги посакуваме во онаа која ја пречекуваме.

Специјално за читателите на „Слободен печат“, бармените Ѓорѓи Симјаноски и Бојан Додевски од скопскиот бар „Спикизи“ споделуваат неколку рецепти за совршени новогодишни алкохолни коктели.

„Винтер Негрони“ / Фото: „Спикизи“

„Крисмас пунч“

  • темен рум
  • ликер Амарето
  • грејпфрут кордиал
  • свеж сок од лимон
  • сируп гренадин
  • Ангостура битерс

„Винтер Негрони“

  • Класичен Негрони со џин
  • Розов Вермут
  • ликер Кампари, со малку додаток на зачинет сируп од црвено шумско овошје

Подготовка:

И за двата коктели, постапката е иста – сите состојки сипете ги во шејкер со лед. Силно протресете и сипете во соодветна чаша за коктел. Декорирајте по желба.

УШТЕ НЕКОЛКУ РЕЦЕПТИ ОД БАРМЕНИТЕ ВО „SPEAK EASY“: Направете ги коктелите „Millionaire“, „Fine Bubbles“ и „Gold Hush“

РЕЦЕПТ | Светски ден на бармените: Муабет на шанк со Филип Арнаудов од „Спикизи“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот