РЕЦЕПТИ | Коктели од бармените во „Спикизи“: Да наздравиме за новата 2023 година

Фото: „Спикизи“

Рецептот за одлична новогодишна забава во домашна атмосфера се состои од добро друштво, забавна музичка плејлиста, вкусна храна и, секако, празнични пијалaци со кои ќе наздравиме за сѐ она што сме го доживеале во годината која ја испраќаме и за сите оние желби кои си ги посакуваме во онаа која ја пречекуваме.

Специјално за читателите на „Слободен печат“, бармените Сара Димитријевска, Бојан Додевски и Андреј Стојчевски од скопскиот бар „Спикизи“ споделуваат неколку рецепти за совршени новогодишни алкохолни коктели.

Па, ако вие сте домаќини на годинашната забава и не знаете со што да ги послужите вашите гости – ова се најдобрите пијалаци кои дополнително ќе ви го разубават дочекот на новата 2023 година.

„Millionaire“

  • 5 сл виски Бурбон
  • 2 сл ликер од портокал
  • 0.5 сл Апсинт
  • 1 сл сируп гренадин
  • 1 сл белка од јајце
  • 1 сл сок од лимон

Подготовка

Сите состојки сипете ги во шејкер со лед. Силно протресете и сипете во купе чаша. Декорирајте со рендано морско оревче.

„Millionaire“ / Фото: „Спикизи“

„Fine Bubbles“

  • 2 сл какао ликер
  • 1 сл лаванда сируп
  • 2 сл сок од лимон
  • Вино Просеко

Подготовка

Сите состојки, освен виното Просеко, сипете ги во шејкер со лед. Силно протресете и сипете во чаша за шампањ. Полека дополнете со Просеко и нежно промешајте.

„Fine Bubbles“ / Фото: „Спикизи“

„Gold Hush“

  • 4 сл виски Бурбон
  • 3 сл сок од лимон
  • 2 сл сируп од мед
  • 4 сл густ сок од јаболко

Подготовка

Сите состојки сипете ги во шејкер со лед. Силно протресете и сипете во ниска т.н. под фешм чаша. Декорирајте со парче лимон.

„Gold Hush“ / Фото: „Спикизи“

РЕЦЕПТ | Светски ден на бармените: Муабет на шанк со Филип Арнаудов од „Спикизи“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот