Која е следната мета на Рускиот напад? Илон Маск стравува дека се неговите сателити

EPA-EFE
Илон Маск / Фото: EPA/PETER FOLEY

Шефот на компанијата Space X, Илон Маск, предупреди дека има големи шанси неговите широкопојасни сателити Starlink, кои им ги испрати на Украинците за да имаат пристап до Интернет, да бидат цел на руски напад.

„Важно предупредување: Старлинк е единствениот неруски комуникациски систем кој сè уште работи во некои делови на Украина, така што најверојатно ќе биде цел. Користете го со претпазливост“, напиша Маск на Твитер.

Маск ги советуваше корисниците да стават лесна камуфлажа над антената за да избегнат визуелно откривање на Starlink, како и да ја вклучат во функција антената само кога е потребно, пренесува Би-Би-Си.

Изминатиот вкенд Маск рече изјави дека Starlink е активиран во Украина и дека Space X испраќа повеќе терминали во земјата, откако украинската влада побарала од Маск да обезбеди сателити Starlink на Украина. Украина во понеделникот објави дека ги добила сателитите Starlink како подарок.

Илон Маск активираше еден од неговите сателити за да обезбеди интернет во Украина

Илон Маск: „Спејс екс“ може да го спречи паѓањето на Меѓународната вселенска станица на Земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот