Илон Маск активираше еден од неговите сателити за да обезбеди интернет во Украина

Фото: satnews.com

Основачот на „Спејс икс“ (SpaceX) Илон Маск го активираше сателитскиот систем „Старлинк“ (Starlink) над Украина за да ѝ обезбеди сигурен пристап до интернет на земјата.

Ваквиот потег доаѓа како одговор на молбата од украинскиот вицепремиер и министер за дигитална трансформација, Михаило Федоров, кој вчера побара помош додека Украина се бореше против руската инвазија на терен, но и против сајбер-нападите кои доаѓаа од Русија.

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат во вселената, руски ракети напаѓаат украински цивили -напиша Федоров повикувајќи го Маск да обезбеди Старлинк станици за Украина.

Воедно, вицепремиерот го повика Маск да ги повика свесните Руси да се спротивстават на нивните власти.

По ова следуваше одговорот од Маск:

„Услугата на ’Старлинк‘ е активирана сега во Украина. Повеќе терминали се на пат“.

„Спејс Икс“ има илјадници сателити во орбитата кои и овозможуваат на компанијата да емитува широкопојасни услуги околу Земјата, без потреба од кабли со оптички влакна. Активирањето на станици од сателитскиот систем за Украина ќе им овозможи на Украинците пристап до интернет во случај нивната интернет-инфраструктура да биде оштетена или уништена од руските напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот