Која е Марина Грановскаја, најмоќната жена во фудбалот и архитектот на европскиот шампион

Марина Грановскаја/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Екпиата на Челси вчера по втор пат во клупската историја стана европски шампион по победата над Манчестер сити од 1:0, а многумина сметаат дека најголеми заслуги за тоа има најмоќната жена во светот на фудбалот и која е човек од најголема доверба на Роман Абрамович, Марина Грановскаја.
Грановскаја е извршна директорка на Челси и е задолжена за спортската политика на „сините“, односно за трансферите и со години наназад покажува колку е „тешка во преговорите“.
Грановскаја од 2010 година е десна рака на сопственикот на Челси, Роман Абрамович, а три години подоцна стана и дел од извршниот одбор на „сините“.

Најмоќната жена во фудбалот направи дар-мар на трансфер пазарот

Според луѓето во светот на фудбалот, нејзиниот збор е последен кога станува збор за трансферите, но и за договорите со спонзорите и токму Марина Грановскаја е најзаслужна што на сметката на Челси годишно ќе легнуваат по 60 милиони фунти годишно се до 2032 година од „Најки“. Засега ова е трет најголем спонзорски договор во фудбалот.

Грановскаја исто така ја нарекуваат и „челичната дама“ и „тивок убиец на преодниот рок“, а многумина тврдат дека зад културната и елегантна дама се крие цврста и бескомпромисна жена. Една од анегдотите кои го отсликуваат нејзиниот карактер е таа со легендарниот капитен на Челси, Џон Тери кога се натегаа околу новиот договор. Кога не можеа да најдат заеднички јазик, Марина Грановскаја на капитенот јасно му порача „земи или е**но остави“.

Исто така нејзина идеја е Челси секоја година да купува млади и талентирани фудбалери низ целиот свет, а потоа да ги испраќа на позајмица за да го продолжат развојот и да го достигнат посакуваниот квалитет за да можат да го носат дресот на „сините“.
За тоа колкаво е нејзиното влијание кај Роман Абрамович доволно говори и податокот дека успеа да го натера да го врати Жозе Мурињо на клупата иако двајцата не беа во добри односи. Познанството на Грановскаја со Абрамович датира од 1997 година кога таа дипломира на Московскиот универзитет по што се вработи во нафтената компанија на Абрамович. Потоа смени неколку работни позиции, за на крајот да дојде до самиот врв и да стане незаменлив соработник на рускиот бизнисмент.

За нејзиниот приватен живот многу малку се знае, а руските медиуми ја опишуваат како мистериозна личност која ја чува својата приватност. Но, тие сепак успеаја да дојдат со една нејзина учителка која тврди дека ништо не укажуваше дека Грановската ќе стане успешна жена.
– Се сеќавам дека и предавам, но таа не беше ништо посебно во однос на останатите. Интересно е како успеа да направи успешна кариера во спортот и во Лондон – изјави учителката.

Дека е одлична во својата работа не покажуваат само освоените титули туку и трансферите. Имено, Грановската е најзаслужна за трансферите на Челси во последните 10 години и успеа на „Стемфорд бриџ“ да донесе имиња како Еден Азар, Тимо Вернер, Хаким Зијех, Каи Хаверц….

Кои се најмоќните жени на челни позиции во фудбалот? (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот