Кои се 30-те луѓе што ќе присуствуваат на погребот на принцот Филип?

Instagram

Војводата од Единбург, кој почина на 99-годишна возраст, ќе биде погребан денеска. Кралицата имала тежок избор во селектирањето на само 30 гости.

Бакингемската палата откри 30 луѓе кои денеска ќе присуствуваат на погребот на војводата од Единбург. Организациите за погреби се воспоставени долга низа години, но во светлото на пандемијата, дошло до промени поврзани со самата поворка и бројот на луѓе кои смеат да присуствуваат на погребот – што е ограничено на семејството и на неколку блиски пријатели.

Меѓутоа, погребот ќе ги задржи живописните традиции на кралскиот погреб и ќе биде „одраз на животот на Филип“, изјавил во четвртокот портпаролот на Бакингемската палата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Повеќе од 700 припадници на вооружените сили на Кралската морнарица, Кралските маринци, британската армија и Кралското воено воздухопловство ќе обезбедат свечена поддршка во текот на погребот.

Принцовите Вилијам и Хари заедно со татко им Чарлс и другите членови на кралското семејство ќе чекорат зад ковчегот на принцот Филип, во склоп на приватната поворка пред погребната служба.

Иако кралицата нема да учествува во поворката, принцот Чарлс и неговата сестра, принцезата Ана, ќе го следат специјално модифицираниот „Ленд Ровер“, кој ќе го однесе ковчегот на принцот Филип до капелата. Патувањето се очекува да трае околу осум минути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Нивните браќа, Едвард и Ендру, ќе учествуваат во поворката веднаш зад нив. Вилијам и Хари ќе ги следат своите чичковци, иако од заедничкото одење ќе ги раздели нивниот роднина Питер Филипс. А, зад нив ќе бидат последните членови на семејството, сопругот на Ана, вицеадмиралот Тим ​​Лоренс и грофот од Сноудон, пренесува „Си-ен-ен“.

Погребот на принцот Филип нема да наликува на ниту еден друг кралски погреб поради пандемијата на коронавирусот. На погребот ќе се носат заштитни маски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Во согласност со желбите на војводата, тоа ќе биде свечен погреб, а не државен настан и сите аранжмани ќе се случуваат на замокот Виндзор.

Прекршувајќи ја традицијата, членовите на кралското семејство нема да бидат облечени во воена униформа, туку наместо тоа ќе носат палта со медали или дневни фустани, додал портпаролот. 

По завршувањето на службата, ковчегот ќе се спушти во Кралската ризница под капелата, додека хорот ја пее националната химна.

profimedia
Profimedia

Целиот список на гости кои ќе присуствуваат на погребот на војводата од Единбург:

Кралицата Елизабета Втора; Принцот Чарлс од Велс; Камила Паркер, војвотката од Корнвол; Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ; Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ; Принцот Хари, војводата од Сасекс;  Ендру, војводата од Јорк; Принцезата Беатрис; Едоардо Мапели Моци; Принцезата Јуџини; Џек Бруксбанк; Едвард, грофот од Весекс; Грофицата од Весекс Софија; Кралската принцеза Ана; Вицеадмиралот сер Тимоти Лоренс; Леди Луиз Виндзор; Висконт Северн; Питер Филипс; Зара Филипс; Мајк Тиндал; Грофот од Сноудон; Леди Сара Чато; Даниел Чато; Војводата од Глочестер; Војводата од Кент; Принцезата Александра; Бернхард, наследен кнез на Баден; Принцот Донат; Принцот Филип од Хоенлох-Лангенберг и Грофицата Маунтбатен од Бурма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот