Кога факултетите не работат заради коронавирусот, роботите дипломираат место студентите (ВИДЕО)

Во време на коронакризата запрени се голем број активности и поголемиот број од населението ширум светот, времето го поминува во четири ѕида, а затворени се и училиштата и факултетите. Но, тоа значи дека студентите се принудени да пропуштат еден од најважните настани во својот живот – дипломирањето.

Но, Јапонците не би биле Јапонци кога не би се послужиле со технологијата, па и за oвој настан на помош ги повикаа роботите. Така, на еден универзитет во Токио, наместо физички да бидат присутни на свечената церемонија за доделување на дипломите, студентите виртуално присуствуваа на настанот со помош на роботи и апликацијата „Zoom“.

Роботите носеле студентски капи и мантили, додека на таблетите, кои се наоѓале место нивните „глави“, биле лицата на студентите кои ги „примаат дипломите“.

Ова, меѓутоа, не e прв пат церемонијата на доделување на дипломи во Јапонија, при епидемијата на коронавирусот, да се одвива виртуелно. Уште еден универзитет направи нешто слично, само што тука свеченото доделување на дипломи е одржано во видео играта Мајнкрафт, каде студентите се појавиле во вид на својот аватар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот