Кога делата се поубедливи од зборовите

Зоран Заев е централната фигура во македонската политика во оваа деценија. Околу неговото политичко делување се „врти“ целата македонска приказна за рушењето на претходниот режим на Груевски и спектакуларниот напредок во евро-атлантските интеграции на државата. Тоа е факт што може да ве лути или да ве весели, но не може да се промени. Тоа е зад нас.

Сите други политичари во овој период, во споредба со него се, во историска смисла, епизодисти со помалку важни или многу штетни улоги и заслуги, кои ќе останат како такви запаметени додека се сегашните генерации живи. Потоа, можеби, некои од нив ќе се најдат „обработени“ како политичкиот „декор“ во кој делувал Заев, во специјалистичките историски или политички студии со кои ќе се занимаваат некои идни експерти, многу генерации по нас.

Со ова треба да се научат да живеат сите оние кои го мразат и го потценуваат Заев, навредени што нивното мислење за него нема да ја смени историјата. Дополнителен проблем им е што сите знаеме, а и самиот тој не се обидува тоа да го крие, дека Заев не е никаква совршена личност, без маани и слабости, кои не се веќе опишани во илјада колоритни варијанти и во различни приватни и службени детали. Впрочем, и мојата небитна „историска“ маленкост за таа современа хроника има пишувано во десетици наврати минативе години, често и со иронија и подбив, во обид да се покаже дека токму со тие негови „недоделкани“ карактерни особини и „неизбрусени“ идеолошко-политички вредности, таквиот Заев успеа и храбро и итро да ги издоминира супер-компликуваните општествено-политички околности на сегашната македонска реалност со кои – велам – тој се „запиша“ во историјата. Ви се допаѓало тоа или не.

Прочитајте и...  „Јас да го тепам мојот народ не можам“: Полицијата и војниците во Ниш ги одбија наредбите (ВИДЕО)

При тоа, Заев го поседува најсмешниот „култ на личноста“ на овие простори, кога и најсуетни новинари, најкорумпирани бизнисмени и разно-разни политички „шиљокурани“ можат јавно да се мајтапат со неговите „муртински“ несовршености, без страв или срам по сопствениот статус. Треба да се потсетиме дека за потребите на еден друг „култ на личноста“, не така одамна пред Заев, се подметнуваа бомби под автомобили и се малтретираа цели семејства, до намери за ендек-истребувања. Овдека, дури, постои и одреден политички револт против Заев во јавноста што токму таквите денеска „мува не ги лази“!

Според тоа, во оваа изборна кампања, склон сум да мислам дека континуираните напади врз карактерните особини на личноста на Заев – па уште и со прислушувани разговори илегално снимани во оние валкани контексти пред три, четири или пет години – нема да им ја донесе посакуваната цел на неговите огорчени опоненти. Не успеваат критично да му ја намалат поддршката. На пример, во денешната шаренолика колекција на коалициските партнери на СДСМ за овие избори нема такви „невини невести“ кои не го познаваат добро Заев, некои и приватно, а секако политички. Да не се политиките зад кои стои Заев, можеби ни половина од нив – или од нас, ако сакате – не би го избрале него за зет во семејството или за „Мис на безгрешноста на Македонија“.

Прочитајте и...  Кој ќе биде новиот претседател на САД: Овој модел погоди 25 пати од 27, еве кому му дава предност

Но, во меѓувреме сфативме дека Заев треба повеќе да се цени по тоа што го прави, а помалку по тоа што го зборува. Тој, имено, заради делата ќе заслужи уште еден политички мандат, а не заради вербалните вратоломии во кои самиот би можел да се удави и без да го турнете во вода.

А, што е право, во политиката секогаш изборот се прави и со оглед на постоечката алтернатива. Во таа сосема неубедлива конкуренција, Заев уште сега мора да се подготви да го заокружи својот втор мандат на начин што историјата сосема ќе ги заборави контроверзите од првиот. За тие ветувања ќе го држиме за дела, ако веќе не и за збор.

Прочитајте и...  Изборни желби: „I have a dream“

Прочитај повеќе

Ако на партиите им се исполнат желбите тогаш Собранието, наместо 120, треба да брои 150 пратенци

„Јас да го тепам мојот народ не можам“: Полицијата и војниците во Ниш ги одбија наредбите (ВИДЕО)

Слободен печат

Короната нема да ја скрати колоната гласачи?!

Кој ќе победи на изборите?

Сашо Орданоски

Топ 10 државни фирми што прават најголеми профити: ЈП за државни патишта – рекордер според добивката

Соња Кириџиевска

ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Старите ветувања за гасификација, за Чебрен и за инспектори во ново руво

Весна Дамчевска

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Од денес во Италија забранет влез за државјани на 13 земји, на списокот и С. Македонија

Слободен печат

Грчките демонстранти ја нападнаа полицијата, во тензична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО)

МИА Агенција

СЗО ја поддржа теоријата за пренос на коронавирусот преку аеросоли, дадоа нови насоки

Слободен печат

Директорот на Клиника за неврологија позитивен на Ковид 19

Мирослава Бурнс

Њујорк тајмс за протестите: Први големи „вирусни“ немири во Европа, со бес кон недоследноста на Вучиќ

Слободен печат

Кој ќе биде новиот претседател на САД: Овој модел погоди 25 пати од 27, еве кому му дава предност

Слободен печат