Клуге: Барам уште малку трпение за вакцините, со министерот Филипче сме во постојан контакт

Ханс Клуге/ Фото: ЕПА

Регионалниот директор на СЗО за Европа објасни дека, нашата земја освен што ги нарача вакцините преку Ковакс механизмот, исто така ги заврши и сите финансиски и административни процедури.

– Да нарачката е направена, комплетирани се финансиски и административни процедури. Во постојан контакт сум со министерот за здравство д-р Венко Филипче. Пред точно една година бев во Скопје и оттогаш работиме заеднички. Системот е подготвен, од страна на државата е направено сѐ што треба, но она што треба да го знаеме е да се има уште малку трпение, да се почитуваат мерките за јавното здравје, рече Клуге.

Клуге во интервјуто истакна дека цел свет се соочува со недостаток на вакцини и дека производителите мора да го зголемат производството, а дека солидароста на земјите е единственото оружје против вирусот.

– Солидарноста засега е единственото оружје против вирусот. Непријателот е вирусот. Посветени сме на солидарноста. Секоја држава се бори, тоа е точно дека имаме проблем и затоа е многу важно да се зголеми капацитетот на производство, бидејќи цел свет се соочува со овој недостаток, истакна Клуге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот