Климатските и сајбер ризиците тема на Меѓународниот форум за имотно осигурување во Виена

фото: Pixabay

Меѓународен форум за имотно осигурување „Property Insurance Forum” со цел да се согледа влијанието и отпорноста на општествата на климатските ризици и сајбер ризиците ќе се одржи денеска во Виена, Австрија. На конференцијата ќе учествува претседателот на Советот на експерти Климе Попоски кој ќе биде дел од панелот на кој ќе се разговара за зајакнување на отпорноста кон климатските ризиците преку зголемување на осигурителното покритие.

На форумот ќе се разговара за климатските ризици, што отсекогаш предизвикувале настани со сериозни последици, со огромни материјални и човечки загуби што често останувале врежани во меморијата. За разлика од климатските ризици, сајбер-ризиците се ризици кои допрва се појавуваат, но веќе демонстрираат потенцијално катастрофално влијание кое треба подобро да се разбере и процени.

Еден од главните заеднички елементи на климатските ризици и сајбер ризиците се, недоволната подготвеност и преземените активности за нивно ублажување, како и значителниот јаз во однос на покриеноста со осигурувањето. Во двата случаја, осигурителната индустрија може да игра значајна улога не само во покривањето на финансиските загуби, туку и во помагањето на носителите на политиките и другите заинтересирани тела за подобра проценка и управување со ризиците.

На Меѓународниот форум за имотно осигурување ќе се разговара за овие проблеми, исто така фокусирајќи се на улогата што може да ја имаат најновите технологии во помагањето на осигурителната индустријата да се справи со тековните и идните предизвици, на начин на кој што клиентите би биле подобро услужени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот