Кличко: Киев е без струја, вода и греење – ќе не’ погоди апокалипса како во холивудските филмови

Витали Кличко/Фото: Скриншот

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во интервју за Скај њуз изјави дека главниот град на Украина се соочува со вистинска апокалипса доколку продолжат руските напади.

Тој рече дека не е време за целосна евакуација на населението, но предупреди дека најлошото можно сценарио не е толку далеку.

„Киев останува без струја, вода и греење. Можно е да не погоди апокалипса, исто како во холивудските филмови. Ќе биде невозможно да се живее на овие температури“, потенцира Кличко, поранешен светски шампион во бокс.

„Што да ви кажам? Ние сè уште се бориме и правиме се за да спречиме да се случи такво сценарио“, додаде тој. Најголемиот проблем е што во моментов Киев нема доволно загреани засолништа.

„Подготвивме околу 500 загреани засолништа, но во град со 3,6 милиони жители тоа не е ништо. За жал, доколку продолжи да биде проблематично снабдувањето со електрична енергија, ќе бидеме принудени да ја исцедиме водата од зградите. На овие температури има можноста од пукање на цевките и целосното снабдување ќе биде загрозена со вода“, предупреди градоначалникот на Киев.

Кличко побара од граѓаните да ги подготват најосновните работи за можна евакуација.

Подгответе храна, вода, документи и топла облека во случај да треба веднаш да го напуштите градот“, посочи тој.

Тој, исто така, одговори на повиците на претседателот Зеленски дека Киев не е доволно подготвен за недостиг на електрична енергија и греење.

„Чудно е. Имаме заеднички непријател и почнуваме да се караме меѓу себе. Мислам дека не е време за политички конфронтации“, заклучи Кличко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот