КК Феникс 2010 ќе игра во квалификациите на ФИБА Европа купот

фото: kfsm.mk

Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 во новата сезона ќе испише и нова историја со прво интернационално искуство.

Феникс 2010 како македонски претставник ќе биде дел од квалификацискиот турнир за настап во ФИБА Европа купот.

Жрепката за квалификациите ќе се одржи на 8 август по што клубот ќе ги дознае противниците и местото на одигрување на турнирот кој стандардно се одржува при крајот на месец септември.

– Новиот предизвик е од големо значење за нашиот млад клуб и за нашите млади кошаркари кои ќе имаат драгоцена шанса да си ги одмерат силите со сериозни европски противници – информираат од КК Феникс 2010.

Претходно во јуни клубот соопшти дека првите странски засилувања за новата сезона американските интернационалци кои настапуваат на крилните позиции, Деандре Томас и Кајлекс Стивенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот