Ќе се отвора почесен конзулат на С. Македонија во српското гратче Чајетина кај Златибор

Српската Влада на последната седница донесе Одлука за давање согласност за отворање Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија. Одлуката е објавена во „Службен весник на Република Србија”, јави дописникот на МИА од Белград.

Конзулатот на Република Северна Македонија ќе биде отворен во гратчето Чајетина во близина на Златибор.

-Се дава согласност за отворање на Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија, на чело со почесен конзул, со седиште во Чајетина и конзуларна област што ја опфаќа територијата на административната област на Златиборскиот управен округ, се наведува во одлуката на срската Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот