Кит Харингтон уште НЕ ЈА ГЛЕДАЛ последната сезона од „Игра на престолите“

Кит Харингтон беше неоминиран за најдобра машка улога во драмска серија, ама за разлика од колегата Питер Динклиџ кој доби награда за најдобра во споредна улога, Кит не ја освои наградата.

„Игра на престолите“ доби дури 12 награди Еми, иако за многумина последната сезона беше вистинско разочарување.

Критиките првенствено им беа упатени на сценаристите, а една од најконтроверзните одлуки беше поврзана за односот на Џон Сноу и Даенерис Таргеријан. На крајот Сноу ја уби својата кралица и со тоа ги шокираше повеќето љубители на серијата.

„Како се носам со критиките за последната сезона и со тоа што се случи? Едноставно. Уште не сум ја гледал!, изјавил Кит Херингтон за Ентертеинмент тунајт.

На доделувањето на наградите Еми Кит Харингтон беше номиниран за најдобра машка улога во драмска серија, ама за разлика од колегата Питер Динклиџ во споредна улога, Кит не ја освои наградата.

Поради стрес и проблеми со алкохол, пред неколку месеци Харингтон се пријавил во клиника за рехабилитација.

„Знам што сè беше потребно за да снимиме ваква серија и колку љубов и труд вложивме во проектот. Живеевме 10 години со тие ликови и знаевме дека на крајот ова е правилно за нив“, рекол Харингтон за последната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот