Кирил Петков поднесе оставка, Радев почна консултации за нов мандатар

Фото МИА.мк

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја поднесе оставката на кабинетот до Народното собрание. Документот го доставил преку курир. Минатата недела владата беше соборена со изгласување недоверба за што барање беше поднесено од ГЕРБ-УДФ и беше поддржано од МРФ, Преродба и „Има таков народ“. Ова дојде по расколот во владејачката коалиција и заминувањето на „Има таков народ“.

Владата на Кирил Петков е на власт нешто повеќе од половина година.

Во меѓувреме, бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги започна консултациите со претставниците на пратеничките групи во 47. Народно собрание за доделување на мандатот за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент. Претседатеот Радев  денеска и утре ќе има консултации со пратеничките групи.

Доколку „Продолжуваме со промената“ не успее да формира нова влада, според уставот мандатот оди кај втората политичка сила ГЕРБ, која веќе најави дека ќе го врати и нема да води разговори за коалицирање.

Ако ни третата партија не успее да формира влада, Румен Радев мора да го распушти Националното собрание, да назначи преодна влада и да закаже предвремени парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот