Кипар во шок поради првиот сериски убиец: Министерот за правда си поднесе оставка

Министерот за правда на Кипар, Јонас Николау денеска поднесе оставка, откако беше откриен сериски убиец, кој призна дека убил пет жени и две деца.

Министерот утрово имаше средба со претседателот Никос Анастасиадис, по која Николау поднесе оставка.

Се очекува утре оставка да поднесе и началникот на полицијата на Кипар.

Во меѓувреме, според направените аутопсии изведени синоќа од страна на судски вештаци и форензичари предводени од од медицинскиот експерт Андреас Манеридес од „Скотланд јард“, потврдено е дека 35-годишниот Никос Метаксас ги убил двете жртви со задушување.

Метаксас, познат како Орестис, кога ги задушувал жртвите не ги користел дланките и прстите, туку со внатрешниот дел на лактот им ги стегал грлата.

Воениот командат Метаксас призна убиство на пет жени и две девојчиња. Полицијата прво го сомничеше за две убиства, но за време на испитувањето призна вкупно седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот