Кипар ја ажурираше листата на земји за кои е дозволено патување

За земјите од втората категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен PCR тест направен 72 часа пред патувањето.

Нова, ажурирана листа, со четири промени, објави Министерството за здравство на Кипар, во однос на земјите за кои е дозволено да патуваат на островот, јави дописничката на МИА од Атина.

Листата е согласно епидемиолошката слика во секоја земја, а државите, вкупно 50 и понатаму се поделени во три категории, додека пак само за оние во првата категорија, нема никакви ограничувања и не е потребен тест.

Јапонија и Малта од првата категорија сега се преместени во втората, односно третата, додека пак Австралија и Шпанија од втората во третата.

Во првата категорија земји со ниска опасност се 20 држави, 11 од Европската унија (Австрија, Германија, Данска, Естонија, Финска , Ирска, Латвија, Литванија, Унгарија, Словачка и Словенија) , четири од Шенген зоната (Швајцарија, Исланд Лихтенштајн и Норвешка) и пет трети земји (Грузија, Јужна Кореа, Нов Зеланд, Канада и Тајланд) и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

За земјите од втората категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен PCR тест направен 72 часа пред патувањето.

Во оваа група, согласно ажурираната листа се Велика Британија, Белгија, Франција, Грција, Италија, Хрватска , Холандија, Чешка, Полска, Португалија, Андора, Монако, Ватикан, Сан Марино, Руанда, Тунис, Уругвај, Јапонија и Кина.

Во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории”, се Бугарија, Шведска, Луксембург, Романија, Шпанија, Малта, Алжир, Мароко, Австралија, Србија и Црна Гора, а дозволен е влез само за одредени категории државјани со задолжителен негативен тест и 14 дневна самоизолација.

Конкретната листа стапува во сила на 20 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот