Кинески авиони и бродови симулираа напад врз Тајван

Кинески воени бродови EPA-EFE/BIANCA DEMARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Кинески авиони и бродови утринава спроведоа вежби за симулација на напад врз главниот остров во Тајван, јави тајванското Министерство за одбрана,  а пренесуваат британските медиуми.

Министерството соопшти дека неколку групи кинески авиони биле откриени во Тајванскиот теснец и дека некои ја преминале централната линија.

Во соопштението се додава дека војската на Тајван издала предупредување и ги ставила во состојба на готовност патролните сили за воздушно извидување, поморските бродови и проектили за да се справи со ситуацијата, а доцна синоќа истрелало проектили за да предупреди седум беспилотни летала кои леталет над тајванските острови Кинмен и неидентификувани авиони кои летале над островот Мацу.

Министерството соопшти дека војниците се во состојба на готовност во двете области, кои се наоѓаат недалеку од брегот на континентална Кина, пренесуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот