Кинеска болница лек против СИДА користи кај заболени од коронавирус

– Сметаме дека земањето на овој лек е од корист – им рече на новинарите Жанг, говорејќи за „калетра“.

Една промарна болница во кинескиот град Вухан од јануари користи лек против сида наречен „калетра“ за лекување на тешките случаи на коронавирус, и покрај тоа што тој препарат една студија го прогласи за неефикасен кога станува збор за Ковид -19.

„Калетра“ е верзија на лекот лопинавир, односно ритонавир кој не е опфатен со патенти, а лекарите во таа болница исто така препишуваат и бизмут калиум цитрат, вели Жанг Дингју, директор на болницата „Џининтан“ во Вухан, град во кој на крајот на минатата година започна пандемијата од коронавирусот, наведува Ројтерс.

– Сметаме дека земањето на овој лек е од корист – им рече на новинарите Жанг, говорејќи за „калетра“.

Тој додаде дека неговата болница, е една од првите кои ги лекувала заболените од Ковид-19 и почнала да препишува „калетра“ од 6. јануари.

-На врвот на епидемијата во Вухан, болницата лекуваше околу 500 заболени од коронавирус, додека денеска под надзор држи 123 пациенти, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот