КИНА СЕ СОГЛАСИ НА БАРАЊЕТО НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Процесот за избор на шеф на извршна власт на Хонг Конг ќе биде подобрен

Кина денеска соопшти дека ќе го „подобри” процесот за назначување шеф на извршната власт на Хонг Конг, што беше едно од барањата на демонстрантите по петмесечните немири во таа поранешна британска колонија.
Шен Чунијао, официјален претставник на кинеската Влада за Хонг Конг и Макао, рече дека лидерите на Комунистичките партии на Кина на состанок зад затворени врати решиле да го „подобрат” правниот систем во Хонг Конг.
– Мерката е донесена со цел да се зачува националната безбедност, рече Шен на прес-конференција.
Протестите во Хонг Конг се одржуваат од почетокот на јуни. Тие започнаа поради предлог законот за екстрадиција кој предвидуваше испорачување на осомничените во Пекинг, но набрзо прерасна во борба за демократски права и зачувување на слободите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот