Кина одржала воени вежби во близина на Тајван

Кинеска војска / Фото: EPA/Roman Pilipey

Кинеската војска објави дека извршила вежба за воена готовност во правец на Тајванскиот теснец, откако Министерството за одбрана ја осуди посетата на американските и европските делегации на Тајван, јави Ројтерс.

Воената патрола се фокусираше на „сериозно погрешни“ зборови и постапки на „релевантните држави“ во врска со Тајван, како и на активностите на силите кои се залагаат за независност на таа демократска островска држава, изјави портпаролот на кинеската војска.

Тензиите меѓу двете страни на теснецот се зголемија во последните месеци. Тајван повеќе од една година се жали на прелети на кинески воени авиони во негова близина.

„Ние остро се спротивставуваме и го осудуваме“

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека шест кинески авиони влегле во југозападниот дел од нејзината идентификациска зона за воздушна одбрана (АДИЗ), вклучувајќи четири авиони Ј-16 и два авиони за надзор.

Неколку тајвански медиуми во вторникот објавија дека неименувани членови на Претставничкиот дом и Сенатот на САД пристигнале во Тајпеј со воен авион. Ова го соопшти и кинеското Министерство за одбрана.

„Силно се спротивставуваме и го осудуваме ова“, се вели во соопштението на Министерството.

Делегациите на американскиот Конгрес често користат воени авиони за меѓународни патувања.

Борба против дезинформации

Минатата недела Пекинг го осуди доаѓањето на европратениците во Тајван, кои нагласија дека тоа не е провокација кон Кина, туку одлука донесена во интерес на европските граѓани.

Тие пристигнаа во демократската република, спротивставени на кинескиот авторитарен режим, со цел да го стекнат своето искуство во борбата против дезинформациите.

Тајван бил преземен во 1949 година од кинеските националисти Чианг Кај Шек по поразот на комунистите на Мао Це Тунг во централна Кина.

Оттогаш има независна влада, но Пекинг сè уште ја смета за дел од својата територија, се спротивставува на секој официјален контакт меѓу Тајпеј и меѓународната заедница и не ја исклучува можноста за воено освојување.

Тензиите меѓу Пекинг од една страна и Тајпеј и западните земји од друга страна редовно се зголемуваат поради летовите на кинеските борбени авиони во близина на Тајван, како и поради минувањето на западните воени бродови низ Тајванскиот теснец.

Мирно „обединување” на Кина со Тајван

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот