ВИДEO | Андоновиќ: Кина се подготвува за враќање на Тајван во своите граници, САД ги учат Тајванците како да се одбранат

Сад и Кина / Фото: Профимедиа

Мал број американски сили се стационирани во Тајван каде вршат обука со тајвански војници. Претседателката на Тајван, Каи Инг-Вен, во интервју за Си-Ен-Ен, го потврди присуството на американски војници на островот кој Кина го смета за своја територија.

Тензиите меѓу Тајпеј и Пекинг, кои не ја исклучуваат окупацијата на островот со сила, ескалираа во последните неколку недели откако Кина го зголеми воениот и политичкиот притисок врз Тајван

– Имаме широк опсег на соработка со Соединетите Држави со цел да ги зголемиме нашите одбранбени способности, изјави Кеј за Си-Ен-Ен .

Таа одби да одговори колку американски војници има на тајванскиот остров, но додаде дека има доволно.

Потврдата за американско воено присуство доаѓа во време кога Пекинг го зголемува воениот притисок врз Тајван, вклучително и повторени мисии на кинески воени авиони во зоната на воздушната одбрана на Тајпеј.

Официјалната потврда од Тајпеј дека на островот има америкаснко воено присуство може дополнително да ги влоши односите меѓу САД и Кина.

Американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше „агресивните“ дејствија на Кина во Тајванскиот теснец, во пораката до самитот на земјите од азиско-пацифичкиот регион на кој присуствуваше и кинескиот премиер.

Преку видеоврска, претседателот Бајден на самитот во Источна Азија истакна дека САД се „длабоко загрижени поради наметливите и агресивни дејствија на Кина во Тајванскиот теснец“, што Кина ја дели од Тајван.

Тензиите во областа се зголемија по зачестените кинески воздушни прелети во близина на Тајван, островот што Пекинг го гледа како провинција која, доколку биде потребно, и со сила ќе се обедини со Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот