Кин: Мегваер и Де Хеа нека се вратат со такси во Манчестер! (ВИДЕО)

twitter.com/MirrorFootball

Ирецот лут кон Давид де Хеа и Хари Мегваер чии квалитети да играат за клубот од „Олд Трафорд“ ги доведува во прашање.

Екс играчот на „црвените ѓаволи“ не беше задоволен после нерешениот резултат помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем (1:1).

Рој Кин лут кон Давид де Хеа и Хари Мегваер чии квалитети да играат за клубот од „Олд Трафорд“ ги доведува во прашање.

Ми се повраќа од овој голман. Ако сега бев фудбалер, ќе се степав со него во соблекувалната. Тој е најпреценетиот голман што сум го видел, а тој исто така е репрезентативец на Шпанија. Доколку бев на местото на Оле ќе направев неколку промени во паузата – рече Кин.

Ирецот не го поштеди ниту капитенот на Манчестер Јунајтед, Мегваер.

Тотенхем е добар тим и играше компактно, но Мегваер и Де Хеа немаше да ги пуштам во автобусот по мечот. Нека се вратат со такси во Манчестер. Двајцата мораа да го напуштат теренот со главата надолу. Се борат за топ 4, а не да ја освојат лигата. Не знам кога тоа ќе се случи повторно – додаде поранешниот капитен на Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот