Ким Мехмети со критики кон Еди Рама: Тој е заколнат Србин како Вучиќ

Ким Мехмети во гостување на Канал 5 / 11 ноември 2012 / фото: Канал 5/принтскрин

Аналитичарот Ким Мехмети во разговор за бугарскиот медиум БГНЕС реагираше на вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум дека „си велел кој кого сега ќе нападне на панел дискусијата, Бугарија – Македонија, Хрватска – Србија, Србија – Косово, БиХ самата себе, Грција – Албанија, а Црна Гора ќе се излежува на плажа“.

„Не еднаш досега премиерот на Албанија критикуваше функционер на Софија поради нејзиниот однос кон Македонија и македонскиот народ. Нешто што може ги изненади само оние кои сè уште не го разбрале тоа – по политички убедувања и ставови тој е заколнат ‘Србин’ и како таков гледа наоколу со очи на официјален Белград“, вели Мехмети за БГНЕС.

Според него, Рама е заслепен од љубов кон „браќата Срби“, па не сфаќа дека дава придонес во раскинувањето на, како што вели, вековните пријателски односи со Бугарија.

„Да не беше така, тој одамна ќе разбереше дека проблемот за Македонија оди подалеку од нејзините недоразбирања со Бугарија: дека и таа ја гради својата сегашност врз темелите на „српскиот“ ум, т.е. на природните „непријатели“ на Македонците – Албанците и Бугарите и нивните природни „штитеници и браќа“ – Србите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот