Кикиљас: Убеден сум дека повеќето граѓани ќе се вакцинираат против ковид-19

Василис Кикиљас / Фото: ЕПА

Убеден сум дека мнозинство наши сограѓани ќе разберат, правилно ќе се информираат и на крајот ќе се вакцинираат, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Open”, јави дописничката на МИА од Атина.

Споменувајќи го и она што и самиот грчки премиер го најави, дека ќе постои национална кампања за вакцинација против ковид-19, Кикиљас објасни дека сите ќе бидат вклучени: државата, црквата, социјалните организации, лекарските комори, фармацевтски здруженија, компаниите, општинските и регионалните совети, односно „сите оние кои што ја разбираат важноста да им се објасни на граѓаните, колку вакцините се корисни за јавното здравје, за нивното здравје и за нивна одбрана од коронавирусот”.

За ситуацијата со пандемијата во Грција, Кикиљас вели дека здравствениот систем е под притисок, особено во северниот дел на земјата.

Во однос на вакцината, според последните три истражувања на јавното мислење во Грција, објавени во изминатите два дена од телевизиите „Стар”, „Скај” и „Мега”, пет до шест од десет Грција, односно 51 отсто, 52,1 и 64 проценти од анкетираните рекле дека ќе се вакцинираат против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот