Кијану Ривс доаѓа во Србија

Profimedia
Фото: Profimedia

Холивудскиот глумец Кијану Ривс доаѓа во посета на Србија. Во Белград ќе пристигне на почетокот на Новата година, а посетата ќе биде од хуманитарен карактер. Ќе се обиде да им помогне парично на оние на кои им е потребна најголема помош. Планирано е да дојде во Белград на почеоткот на наредната година, пренесе „Курир.рс“.

Ривс е косценарист и на стрипот BRZRKR на кој Србија, по Америка, е првата земја која ги има откупено правата, нешто што е големо изненадување за него, вели извор близок до него.

„Кијану слушна убави зборови од негов колега кој снимал во нашата земја. Освен тоа има неколку пријатели на Балканот, а и е голем фан на Новак Ѓоковиќ. Неговиот стрип бил еден од најбараните изданија на неодамна одржаниот белградски Саем на книги“, истаклан изворот.

„Посетата ќе трае неколку дена и тој сака да ги посети сите туристички атракции за кои има слушнато и прочитано. Тоа ќе биде приватна посета, но тој во договор со својот тим, еден ден ќе одвои за дружење и запознавање на фановите, кои ги има во огромен број“, додал изворот.

Како што наведува, Ривс посетата ќе ја искористи и парично да им помогне на оние на кои им е потребна помош.

„Познато е дека Ривс најголем дел од парите ги дава во хуманитарни акции. Незгодно му е од тоа колку заработува. Им дава на сите, фановите, соработниците, болните за лечење. Донираше 70% од филмот „Матрикс“ за наоѓање лек за заболените од леукемија. Сигурно е дека и кај нас ќе остави многу пари на некоја организација или установа за која неговиот тим ќе процени дека е соодветна“, истакнал изворот.

Стрипот BRZRKR е најскапиот квиз во историјата на една позната платформа, а истовремено е и најпродаваниот стрип серијал во последните 25 години. Објавен е на почетокот на септември и за само три дена се продадени 650.000 примероци.

„Создавањето и учествувањето во пишувањето на стрипот беше многу возбудливо искуство, бидејќи обожавам стрипови уште од детството. Стриповите имаат значајно уметничко влијание низ целата моја кариера“, изјавил за светските медиуми Ривс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот