Фото: Украински спасувачки служби / Икс

Киев им понуди на САД серија одбранбени договори, Зеленски вели дека ќе ги зајакнат двете земји

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Киев ѝ понудил на Соединетите Американски Држави неколку силни одбранбени договори, кои, според него, ќе придонесат за зајакнување на безбедносната соработка меѓу двете земји.

„И понудивме на Америка неколку силни одбранбени договори кои можат да ги зајакнат нашите две земји и мора да го направиме нашиот дијалог со Америка за овие договори посуштински“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм, пренесе Укринформ.

Тој најави дека Украина се подготвува за официјална посета на Соединетите Држави, во која ќе учествуваат премиерката Јулија Свириденко, началникот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак, како и високи претставници од Министерството за одбрана и Советот за национална безбедност.

Според Зеленски, целта на посетата е зајакнување на соработката во областите на безбедноста, воената индустрија и енергетиката, како и постигнување долгорочна рамка за американска поддршка кон Украина.

Во исто време, украинскиот претседател информираше дека руската војска во ноќта на 10 октомври извршила масовен напад врз украинската инфраструктура, при што биле лансирани повеќе од 450 беспилотни летала и 30 ракети. Зеленски додаде дека Киев очекува „силен одговор од западните партнери“ по најновите напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот