КФСМ ќе им дозволи на екипите сами да одлучат како ќе заврши Првата лига

фото: КФМ

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) конечно презеде чекор кој ќе ја одреди судбината сезоната во Првата лига која е прекината поради пандемијата на коронавирусот.

КФСМ одлучи последниот збор да го имаат клубовите и им понуди две решенија, а тие утре со гласање ќе се произнесат која ќе биде конечната одлука.

Прв предлог:
Согласно моменталната табела, да се прогласи КК МЗТ Скопје Аеродром АД за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи

Втор предлог:
Да НЕ се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи

Доколку при гласањето од присутните претставници има изедначен број на гласови, КФСМ ќе го даде последниот глас за начинот на завршување на натпреварувањето во Првата лига-мажи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот