Керметчиева: Приватното обезбедување претставува стратешки партнер на МВР

Сања Керметчиева од Комората на приватно обезбедување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за начинот на фукционирање во услови на Ковид-19.

-До сега добро се носиме со мерките кои ни се наметнати, но за жал професионалниот живот е засегнат во овој дел. Пристапот за влез во Комората е еднаков и за жените и за мажите. Вклучени се на еднакво ниво во рамките на обезбедувањето во сите делови на хиерархијата. Сепак во нашиот сектор иако не премногу, жените се застапени, изјави Керметчиева.

Околу состојбата со приватните агенции, таа вели дека тие мора да ја вршат својата работа и тоа го прават непречено 24/7.

–Законот за приватно обезбедување прави суштинска дистинкција помеѓу обезбедувањето што е во надлежност на органите на државната управа од обезбедувањето што го вршат правните лица во вид на услуги, односно за сопствени потреби каде што се наоѓа обезбедувањето на домот непосредно од кражби и провали 24 часа, рече Керметчиева.

Таа нагласува дека улогите на МВР и на приватните агенции за обезбедување се јасно дефинирани во регулативата.

-Приватното обезбедување е овластено да ги применува своите овластувања само и единствено во граници на просторот кој се обезбедувања. Од друга страна пак, евидентна е соработката и практичното надополнување во вакви сродни и блиски професии, односно приватното обезбедување јасно и отворено ги нуди своите капацитети во функција на тековното работење на полицијата. Агенциите за приватното обезбедување претставуваат гаранција на безбедноста, нешто што дополнително придонесува во јавната безбедност и ние сме стратешки партнер на МВР, додаде Керметчиева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот