Келнскиот бискуп Штајнхаузер ги призна пропустите на црквата за сексуалните злоставувања во минатото

Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Германскиот бискуп на Римокатоличката епархија во Келн, Ролф Штајнхаузер, денеска на затворена служба во катедралата ги призна пропустите на црквата во големиот скандал со сексуална злоупотреба.

– Голем број злосторства поврзани со сексуална злоупотреба беа извршени во црковните одаи од страна на свештеници и други членови на персоналот, кажа бискупот на службата за покајание во катедралата во Келн.

Штајнхаузер доаѓа на местото на кардиналот Рајнер Марио Воелки, кој зеде една година одмор по контроверзите околу одлуката да не се објави извештај за скандалот.

– Не можеме да се ослободиме од гревот. Исто така, од жртвите не бараме прошка за да се чувствуваме подобро, рече Штајнхајзер.

Тој беше дециден дека денешната служба е признание на вината и спомен на жртвите.

Десет години случаи на сексуална злоупотреба ја потресуваат Католичката црква во Германија.

Во 2018 година, кардиналот Воелки на една адвокатска канцеларија во Минхен и наредил да подготви сеопфатен извештај и да не поштеди ниту еден од неговите свештеници доколку сексуално злоставувале деца. Но, кога извештајот бил готов, самиот Воелки го блокирал неговото објавување.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот