Кејти Холмс прозборе што преживувала по разводот од Том Круз

Кејти Холмс и Том Круз се разведоа во 2012 година, по пет години брак. Уште пред да се дознае дека се разведуваат, низ медиумите се ширеа шпекулации дека Кејти Холмс изгледа несреќна и дека нивниот брак нема да опстане уште долго.

Блиските пријатели на Кејти не биле изненадени со нејзината одлука за развод, бидејќи, како што откриваа тогаш, таа покрај Круз целосно ја изгубила самодовербата и паднала во депресија поради начинот на живот што ѝ бил наметнат.

Во интервјуто за „ИнСтајл“, актерката реши за првпат да прозбори за стресот што го доживеала откако се разведе со Том Круз.

„Тој период беше напнат и интезивен. Сето тоа привлече големо внимание, а имав и мало дете. Многумина кои дотогаш не ги познавав, на крајот ми станаа пријатели и многу ми помогнаа“, рече Кејти.

Актерката се присети и на еден возач на такси, кој многу ѝ помогнал во една од потешките вечери што ги преживеала.

„Беше неверојатен момент и мислев дека се распаѓам. Сури имаше 6 или 7 години и ја носев да спие кај нејзина пријателка. Стигнавме пред зградата, а возачот на таксито ми помогна, ја отвори вратата, ја зеде во раце и ја донесе до зградата за да не се разбуди. Беше неверојатно љубезен“, се присети Холмс.

Mагазинот „НВ“ пишува дека Кејти Холмс западнала во тешки финансиски проблеми. Всушност, медиумот тврди дека актерката е пред банкрот. Кејти остана без финансии и поради тоа неодамна ја продаде луксузната вила во Лос Анџелес за 6 милиони долари, само за да „застане на нозе“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот