Каталонските медиуми огорчени од поразот на Барса: „Без душа“

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Во 250 „Ел Класико“, Реал Мадрид вчера ја совлада Барселона со 3:1. Очајниот настап на тимот, кој не му се закани ниту на најголемиот ривал во првите 80 минути од мечот во Мадрид, повеќе ги загрижи навивачите на Барса отколку поразот.

Дури по првата грешка на домаќините и голот на Феран Торес, избраниците на Чави „оживеаја“ и имаа шанса да израмнат, но немаше да биде заслужено.

Каталонските медиуми тешко го поднесоа поразот, а можеби најдобриот наслов го има „Спорт“ – „Без душа“.

„Мундо депортиво“ сето тоа го сумираше во зборот „Болно“, додека мадридските медиуми од утрово се радуваат. „Марка“ напиша „Многу супериорно“, додека на насловната на „АС“ стои „Тука владее Мадрид“.

Реал го доби дербито на деветтото коло на Ла Лига и сега има три бода повеќе од Барселона. Шампионската трка само што започна, но „кралскиот клуб“ сега има „пол-позиција“ во борбата за титулата.

Барса е во криза, речиси сигурно втора година по ред ќе испадне во групната фаза од Лигата на шампионите. Чави има многу проблеми и со начинот на кој игра и со повредите на играчите кои требаше да бидат главни во одбраната, а најголемиот проблем е што младиот стручњак и натаму нема добиено ниту еден натпревар под притисок откако седна на клупата на каталонскиот гигант.

ВИДЕО | „Ел Класико“ за „кралевите“: Барселона немоќна во Мадрид

ВИДЕО | Искуство против младост: Како Модриќ елегантно се ослободи од Педри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот