Карантинот и коронавирусот не смеат да ни ја одземат забавата: Сити радио испрати позитивна енергија од Зелената градина на покривот од ГТЦ

Вчеравечер во Зелената градина на ГТЦ, диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби и диџеј Фици во организација на Сити радио и под покровителство на Градскиот трговски центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност, Идеа лаб, направија вистинска журка.
Обожавателите на добра музика ја следеа забавата во живо на Јутјуб каналот на Сити радио или директно на радио фреквенцијата 94,7 ФМ. Сити радио вршеше и пренос во живо преку своите инстаграм и фејсбук-профили, каде што на журката се приклучуваа многу следбеници и уживаа во различните битови на музика.

Забавата под мото „Се собравме за вас“ траеше од 20:00 до 23:00 часот, а судејќи според коментарите на оние што ја следеа, овој проект се реализираше одлично.


Диџеите и организаторите испратија позитивна енергија до сите слушатели на уникатен и посебен начин.

 

Според нив карантинот и корона вирусот не смеат да ни ја одземат забавата, а со лошото треба да се бориме со добро!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот