Кание Вест го призна поразот на изборите во САД, вели дека повторно ќе се кандидира во 2024 година

Кание Вест призна дека нема да победи на овие избори. 43-годишниот рапер се огласи на Твитер на изборната вечер во вторник.

Тој се помири со фактот дека тој нема да биде следниот претседател на САД. Сепак, најавува дека не се откажува од политиката.

„Добро Кание 2024“, напиша раперот и сподели своја фотографија пред американската мапа на која се наоѓаат сите црвено-сини држави (републиканци и демократи) исполнети со изборни резултати.

Според прелиминарните податоци, Кание освоил околу 57.000 гласови во 12 држави во кои се кандидирал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот