Канатларовски: Целта е јасна, да направиме фудбалери кои ќе бидат носители во А репрезентацијата

фото: ФФМ

Македонската У21 фудбалска репрезентација ќе одигра три контролни натпревари во Турција, Анталија, кои ќе служат за подготовка пред квалификациите за Европското првенство во Словачка.

Селекторот Драги Канатларовски за овие пријателски мечеви повика вкупно 22 фудбалери.

– Натпреварите во Анталија ќе ни бидат од голема корист за подобра подготовка за циклусот квалификации за ЕП во Словачка. Повиканите фудбалери се стандардни во оваа репрезентација во последната година и имаат сосема добра минутажа во клубовите. Василев, Ричков, Ангелов од генерацијата 2004 се дебитанти во тимот и ќе добијат прилика да го покажат квалитетот на натпреварите кои ни следуваат. Жал ми е што поради повреда го немаме Кристијан Тасевски, но заедно со стручниот штаб следиме и други фудбалери од нашето првенство кои се потенцијални репрезентативци и кои треба да ја засилат конкуренцијата. Натпреварите во Анталија ќе ни бидат од голема корист за подобра подготовка за циклусот квалификации за ЕП во Словачка. Повиканите фудбалери се стандардни во оваа репрезентација во последната година и имаат сосема добра минутажа во клубовите – вели Канатларовски.

Како што информира стратегот на надежите, ова е една од последните проверки пред почетокот на квалификациите. Нашата селекција во последно време бележи одлични резултати. Нема пораз, а во досегашните осум натпревари, оствари пет победи и три нерешени резултати.

– Во Турција не очекуваат тешки натпревари против силни репрезентации. Финска игра сличен фудбал како Шведска, нашиот прв противник во квалификациите за ЕП. Словачка е многу квалитетна репрезентации и во последните години бележи голем напредок во младинските категории. Веќе една година работиме со оваа селекција, се надополнуваме и функционираме како тим, се надевам дека ќе успееме да го извлечеме максимумот. Целта е јасна, а тоа е да се создаде победнички менталитет и фудбалери кои ќе бидат носители на играта во А репрезентацијата на Македонија – се зборовите на Канатларовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот