КАКО СЕ СЛАВИ МАТУРА ВО ДОБОЈ: Учениците се откажаа од скапи одела, но сепак беа забележани (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Наместо скапи одела, матурантите од сообраќајното и електро училиште, учениците од трет смер на електроничари и електричари во Добој одлучија за матурската вечер да облечат црни памучни маици со имитација на кошула и вратоврска, а парите со кои требаа да купат сакоа, панталони, кошули и вратоврски ги донираа во хуманитарни цели.

Ова одделение е машко, односно 18 момчиња денес го завршија своето средношколско образование. До идејата дошол Тарик Медиќ, а истата ја прифатиле и неговите колеги со кои три години минал во клупите.

-Парите од нашите одела на некому му се попотребни отколку на нас, и потоа му препорачав на класот, тие се согласија да донираме и донацијата е испратена на Вања Манојловиќ. Успешно собравме 325 евра. Така што ми е драго што успеавме тоа да го организираме, изјави Медиќ, додавајќи дека Вања се лечи од леукемија и е мајка на едно девојче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот