„Како ќе живеам со тоа…“: Машин Ган Кели со емотивна порака за спонтаниот абортус на Меган Фокс

Меган Фокс и Машин Ган Кели / 11 февруари 2023 / Фото: The Daily Stardust / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Американскиот рапер и пејач Колсон Бејкер, познат како Машин Ган Кели, сѐ уште се бори со тажниот момент кога неговата вереница Меган Фокс доживеа спонтан абортус.

Во својата нова песна „Don’t Let Me Go“, пејачот сподели емотивна порака за тие мигови од нивниот живот.

„Како да живеам со фактот дека мојата рака не беше на нејзиниот стомак кога го загубивме бебето? Немам кому да се обратам бидејќи сите во мојот живот кои се обидоа да ме подигнат се мртви“, гласи текстот на песната.

Машин Ган Кели призна дека спонтаниот абортус на Фокс му бил инспирација за неговиот нов изглед со голема црна тетоважа.

Во песната, тетоважата ја објаснува со стиховите: „Исто како што еднаш би сакал да ме разберат, имав нервен слом и го истетовирав целото тело освен една линија“.

Фото: Инстаграм/Машин Ган Кели

Емотивната порака доаѓа четири месеци откако Меган Фокс јавно проговори за абортусот во нејзината збирка поезија „Убавите момчиња се отровни“ („Pretty Boys Are Poisonous“).

„Сакам да те држам за рака, да ја ја слушнам твојата смеа, но сега морам да се збогувам“, напиша Фокс.

Во едно интервју таа дури се обиде да ја опише тагата што таа и Машин Ган Кели ја почувствуваа по абортусот.

„Беше многу тешко за двајцата и нѐ испрати на едно многу диво патување – заедно и разделени…“, рече таа.

Меган Фокс објави книга со поезија, откри дека абортирала: Ме боли тоа што ги кријам гревовите на мажите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот