Меган Фокс објави книга со поезија, откри дека абортирала: Ме боли тоа што ги кријам гревовите на мажите!

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Меган фокс

Во нејзината дебитантска збирка поезија, „Убавите момчиња се отровни“ (Pretty Boys Are Poisonous), Меган Фокс се отвори за нејзиниот личен живот и за нејзините најприватни и мрачни мисли, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six). 

Таа се нарекува себеси „безнадежно романтична отворена рана“, а во своите песни ги споделува своите борби со љубовта и страста.

„Овие песни се напишани во обид да се искорени болеста што се вкорени во мене поради моето молчење“, рекла Фокс и додала дека цел живот чувала тајни од мажите и дека телото ја боли од носењето на тежината на нивните гревови.

„Мојата слобода живее на овие страници и се надевам дека моите зборови ќе можат да ги инспирираат другите да се вратат на нивната среќа и идентитет, да го искористат својот глас за да ја вратат светлината што беше заборавена во темнината“, објасни ѕвездата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Меган фокс

Фокс во збирката не ги спомнува своите минати и сегашни партнери по име, но се чини дека многу од песните се напишани за Машин Ган Кели и подемите и падовите на нивната врска од мај 2020 година.

Освен за љубовта, таа пишувала и за абортусот и чувството на тага поради тоа искуство во некои од песните.

„Сега морам да се збогувам. Со затворени очи замислувам дека те држам цврсто за градите додека ми те откинуваат од утробата“, гласи илустрацијата на жена која држи бебе на последната страница од колекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот