Како да знаете дали сте заразени со омикрон? Ова се најчести симптоми

Profimedia
Фото: Профимедиа

Научното списание British Medical Journal ги објави најчестите симптоми на инфекција со омикрон.

Податоците за најчесто пријавените симптоми на омикрон беа собрани во студија спроведена од здравствената компанија Зои во соработка со Кралскиот колеџ во Лондон.

Петте најчесто пријавени симптоми се:

  • течење на носот
  • главоболка
  • замор (и благ и тежок)
  • кивање
  • воспалено грло

Првичната анализа беше спроведена на потврдени случаи на омикрон во Лондон. Главниот град на Велика Британија е избран поради поголемото присуство на омикронот отколку во другите делови на Обединетото Кралство.

Кои други симптоми се на списокот?

Списокот на симптоми што го објави британската влада вклучува и треска, кашлица и губење на чувството за мирис и вкус, кои се и класичните и најчестите симптоми на ковид.

Тим Спектор, водечки научник за истражувањето на симптомите на омикрон, вели дека барал да ја ажурира листата на симптоми откако се појавила делта варијантата.

Пораките што ги испратија од британската влада не беа доволно јасни. Мислам дека повеќето луѓе ги препознаваат симптомите на настинка. Едноставно би додал „симптоми слични на настинка“ на таа листа. Треба да ги едуцираме луѓето, да се вратиме на основите и да кажеме: Ако имате симптоми на настинка, „држете се подалеку од луѓето. Не мора да ги чекате оние класични симптоми на ковид“, рече Спектор.

„Јавноста треба да биде свесна за симптомите на кои треба да внимава“

За да се споредат симптомите на делта и омикрон, беа земени податоците за симптомите на делта од неделата кога сојот беше доминантен и споредени со најновите податоци (3-10 декември 2021 година). Првичната анализа не покажа јасни разлики во раните симптоми на делта и омикрон (три дена по тестирањето).

Спектор рече дека е клучно јавноста да биде свесна за симптомите на кои треба да внимава, особено во областите каде што има висока стапка на инфекција со омикрон.

„Ако имате симптоми кои потсетуваат на блага или тешка настинка, голема е веројатноста да имате ковид ако во моментов сте во област како Лондон“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот