Како да одберете најдобар ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ за градско возење

фото: ЕПА/ЕФЕ

Електричните тротинети годинава станаа нов градски хит. Еве на кои работи треба да се обрне внимание при купување на електричен тротинет.

Главни карактеристики при купувањето на електричниот тротинетот се силата на моторот и јачината на батеријата.

Силата на моторот одредува со која максимална брзина ќе се движи тротинетот, која нагорнина може да ја помине и колку килограми може да носи. Колку што е посилен моторот, толку е подобар и поскап тротинетот.

По правило, возењето со максимална брзина не е баш удобно, а нормалната брзина би требала да биде меѓу 15 и 18 км/ч.

Јачината на батеријата овозможува поголем домет во возењето, што на купувачите секако им е во интерес, бидејќи поретко треба да го полнат.

При одбирањето на ромобилот потребно е да се размисли за три фактори – тежината на возачот, временските прилики и подлогата, бидејќи влијаат на дометот и на брзината на ромобилот.

Полнењето на батеријата обично трае од 3 до 6 часа, во зависност од моделот, и од големината на батеријата. Векот на батеријата со редовно и нормално користење може да биде и неколку години, додека нејзиниот капацитет, како и кај секоја друга батерија, се намалува со секое полнење.

При угорнини и надолнини важно е правилно да се контролира ромобилот

При нагорнини треба да се внимава и да се процени дали тротинетот може да ја издржи нагорнината, а ако тоа не е можно, треба да се симнете и да го туркате за да спречите паѓање.

При надолнина важно е правилно да се контролира тротинетот, а особено неговата брзина, за да не изгубите контрола и да паднете.

Тротинетоте имаат и различни видови на кочење. Постојат модели со автоматска сопирачка, која се активира со вртење на рачка налик на додавање гас и модели кај кои се сопира со притискање на сопирачка како кај велосипедите.

Одредени модели имаат и задна сопирачка како тротинетите без електричен погон, но таа треба да се користи само во итни ситуации бидејќи тротинетот нагло се запира и ја оштетува гумата.

Тротинетот стана популарен и поради неговата преносливост бидејќи е идеален за комбинација со јавен превоз и за кратки релации од дома до работа. Просечната тежина на тротинетот е 12 килограми, што го прави лесно преносливо превозно средство.

Електричниот ромобил, според кажувањата на стручњаците, лесно може да се поправи.
Скоро сите резервни делови можат да се нарачаат преку интернет. Расклопувањето на електричниот трортинет е едноставно и може да се поправи и дома со основен алат. Секако, за посериозните дефекти сепак ќе треба да се посети овластениот сервисер.

При купувањето внимавајте на траењето на гаранцијата, достапноста на резервните делови и едноставноста на користењето. Ако пишува на пример, дека гаранцијата е 12 месеци, треба да се провери на кои делови има гаранција за тој период.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот