Како Американците праќале ТАЈНИ ПОРАКИ на Техеран и кој им бил посредник?

„Њујорк Тајмс“ пишува дека додека лидерите на Европа и Блискиот Исток пробуваат да спречат отворена војна, Американците праќале тајни пораки на Иран преку швајцарски посредници.

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го нареди убиството на Касем Сулејмани и со тоа конфликтот со Техеран да го ескалира, покрена светска драма, која во најголем дел се случуваше зад сцената.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека додека лидерите на Европа и Блискиот Исток пробуваат да спречат отворена војна, Американците праќале тајни пораки на Иран преку швајцарски посредници.

Во првата низа на пораки тие апелирале Иран да не реагира толку силно за Трамп да не би се чувствувал приморан да превземе нови мерки.

Иран на тоа одговориле релативно со безопасна демонстрација на сила – испалувајќи 16 ракети врз американските бази во Ирак, притоа не повредувајќи никого. Потоа во Америка, преку Швајцарија се испратила порака велејќи дека засега тоа ќе биде крај на одмаздата. Тоа, според пишувањата на „Њујорк Тајмс“, го убедило Трамп да отстапи.

Дека амбасадата на Швајцарија во Техеран пренесувала пораки во обид да се одржи ескалацијата под контрола, потврдило и министерството за надворешни работи на таа земја.

– Швајцарија е длабоко загрижена заради тензиите помеѓу САД и Иран. Каналот на дипломатска комуникација помеѓу двете земји кој им го овозможува Швајцарија се уште функционира. Потврдуваме дека преку овој начин биле испратени неколку пораки – наведено е во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот